Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Македонија

Повредено магаренце 3 дена лежеше на пат во Прилеп - за среќа го спасија хуманитaрци од Скопје, сега е на безбедно и прима терапија

Објавено: 28 јули 2026, 14:33 ч.

Повредено магаренце 3 дена лежеше на пат во Прилеп - за среќа го спасија хуманитaрци од Скопје, сега е на безбедно и прима терапија

Три дена никој не му помогна на повреденото магаре кај Маркови кули, кое за среќа беше спасено во 3 часот по полноќ од скопски активисти.

Хуманитарна драма со среќен крај, но и со горчлив вкус за емпатијата на граѓаните, се одвиваше изминативе денови во Прилеп. Магаренце во тешка здравствена состојба, кое речиси 3 денови лежело во невидени маки и болки на патот под Марковите кули, конечно е спасено благодарение на брзата и експресна реакција на активистите од Скопје.

Иако Здружението за заштита на животни „Шанса за живот“ од Прилеп упати итен апел до локалното население за пронаоѓање привремена штала, превоз и помош, одзивот од прилепчани бил поразителен. Животното три дена било одминувано од минувачите пред чии очи полека умирало.

Експресна спасувачка акција во три часот наутро

Откако веста и фотографиите се проширија на социјалните мрежи, алармот стигна до Скопје. Активистите Кемал и Бојана од организацијата „Happy Shelter“, без двоумење се упатиле кон Прилеп и околу 3 часот по полноќ успешно го презеле изнемоштеното животно за да му пружат соодветна ветеринарна нега.

Од здружението „Шанса за живот“ не го криеја својот револт кон пасивноста на своите сограѓани. „Додека магаренцето во тешки маки и болки умираше, а прилепчани без мува да ги лази го одминуваа и мирно си спиеја, околу 3 часот наутро тоа е преземено од Happy Shelter Скопје! Голема благодарност до Кемал и Бојана за нивната експресна реакција. А на прилепчани срам и јаз`к да ни е – освен за мајтап и оговарања, за ништо друго не нè бидува! Сега раат спијте, исто како што спиевте изминатите три дена додека животното ви беше пред нос, пред куќи“, порачуваат револтираните активисти од Прилеп.

Благодарност до хуманите поединци

Од здружението упатија јавна благодарност до неколкуте поединци кои сепак покажале доблест во оваа ситуација и тоа до лицето кое прво испратило фотографии и ја алармирало јавноста за локацијата на магаренцето, до Татјана Ололовска Ристевска, која максимално се ангажирала и помогнала на секаков можен начин во координацијата, како и до стручниот и пожртвуван тим на Happy Shelter Скопје, кои покажаа дека хуманоста не познава граници и километри.

Магаренцето во моментов е на безбедно, каде прима соодветна терапија, а овој настан останува како сериозна лекција и поука за колективната емпатија и грижата кон животните кои не можат самите да побараат помош.

 А.Ш.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми