Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 24 јуни 2026, 21:05 ч.
Вработените во Јавната установа Национален парк Пелистер изведоа успешна акција за спасување на младенче од срна, кое било нападнато од куче скитник на планината.
Како што информираат од Националниот парк, благодарение на брзата и присебна реакција на Зоран Пројчевски, раководител на помошно-техничкото одделение, и ренџерот Неџип Сефедини, животот на малото срнче бил спасен во последен момент.
Она што ја прави оваа приказна уште поемотивна е начинот на кој ренџерите успеале целосно да ја заокружат спасувачката мисија. По успешното одвојување на срнчето од кучето, тие со помош на вешто имитирање звуци успеале да ја повикаат неговата мајка и повторно да ги спојат.
„Вработените Зоран Пројчевски и ренџерот Неџип Сефедини спасија мала срна која беше нападната од куче бездомник. Подоцна со помош на имитирање звуци малата срна беше повторно споена со својата мајка“, соопштија од ЈУ Национален парк Пелистер.
Споделија и видеоснимка од преслаткото срнче, која веднаш ги предизвика симпатиите и позитивните коментари на социјалните мрежи, каде граѓаните упатуваат огромни пофалби за хуманоста и професионалноста на пелистерските ренџери.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025