Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 20 јуни 2026, 23:27 ч.
Националниот парк Пелистер беше домаќин на средношколци од Битола и Прилеп, меѓу кои и средношколци од СОУ “Таки Даскало“ Битола, кои имаа можност организирано преку иницијативата “Заштитници на шумите“ да го посетат Инфо центарот на Пелистер и да се запознаат со природните богатства на националниот парк.
Целта е поттикнување на јавната свест за заштита на шумите и инспирирање на младите да се најдат во улога на креатори на кампања со која ќе ја истакнат важноста на моликата на Пелистер и ќе ја зајакнат граѓанската свест дека шумите, како извор на кислород и штит од ерозија, се национално богатство чија заштита е одговорност на секој поединец.
Овој проект го спроведува граѓанската организација Граѓански Патеки (Civic Tracks Association), a е поддржан од Фондот за зајакнување на младите (Youth Empowerment Fund) во рамките на Глобалната младинска мобилизација (Global Youth Mobilization - GYM), со финансиска поддршка од Европската Унија (EU).
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025