Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 5 октомври 2026, 13:06 ч.
„Славков проект“ продолжува – овој пат со сончева енергија на Пелистер
Активностите поврзани со „Славков проект – Маркација на планински патеки во Северна Македонија“ продолжија и изминатиот викенд. Повторно се работеше на Пелистер, каде беше поставен фотоволтаичен систем во планинарскиот дом „Димитар Илиевски – Мурато“, покрај Големо Езеро.
Овој дел од проектот оди чекор понатаму од уредувањето и подобрувањето на планинарските патеки. Користењето на сончевата енергија ќе придонесе за поголема енергетска независност и ефикасност на планинарскиот дом, подобри услови за негово функционирање, како и попријатен и побезбеден престој за планинарите и посетителите.
Воедно, ова е уште еден конкретен пример како планинарската инфраструктура може да се развива на одржлив и еколошки одговорен начин, особено на места каде пристапот до електрична енергија и друга инфраструктура е ограничен.Од безбедни и добро обележани патеки до поодржливи планинарски домови – „Славков проект“ продолжува да создава конкретни промени на терен, соопштија од „Славков проект“.
Активностите на Пелистер се директно поддржани од Амбасадата на Република Словачка.
Мал чекор за еден планинарски дом, но важен чекор кон поодржлива иднина на нашите планини и развој на одржливиот планински туризам, велат овие посветени љубители на планината.
„Славков проект – Маркација на планински патеки во Северна Македонија“ се реализира со поддршка од амбасадите на Австрија, Чешка и Словачка во Северна Македонија.
Од „Славков проект“ упатија и голема благодарност до Mountain Rescue и ПСК Пелистер Битола за логистичката поддршка и придонесот во реализацијата на активностите на терен.
Фотографии: Славков проект
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025