Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 23 октомври 2026, 14:28 ч.
Меѓународниот Славјански Универзитет соопшти дека со големо задоволство го пречека Арвинд Синг, студент од Њу Делхи, Индија. Тој се запиша на постдипломските студии на Факултетот за технички науки и информатика, на студиската програма Компјутерски мрежи.
Арвинд доаѓа на Меѓународниот Славјански Универзитет со цел да ги продлабочи своите знаења од областа на компјутерските мрежи, мрежната безбедност и современите информациски технологии. При изборот на МСУ одлучувачки биле квалитетот на студиската програма, практичниот пристап во наставата и можноста да студира во меѓународна академска средина.
На средбата со професорите и претставниците на факултетот, Арвинд беше запознаен со наставната програма, условите за студирање и можностите за истражувачка работа. Посакувајќи му добредојде, Управниот одбор на универзитетот истакна дека присуството на студенти од различни земји ја збогатува академската заедница на МСУ. Додаде дека тоа е уште една потврда за меѓународниот карактер и угледот на универзитетот.
„Ни претставува особено задоволство што студенти од толку далечни земји го препознаваат квалитетот на нашите студиски програми. Уверени сме дека Арвинд ќе стекне вредни знаења и искуства. Се надеваме дека ќе соработуваме и надвор од предавалните, во проекти, работилници, натпревари и други студентски активности“, изјавија од Управниот одбор на Меѓународниот Славјански Универзитет.
Од таму додаваат дека Арвинд ќе има можност да се вклучи и во воннаставните активности на универзитетот. Тоа вклучува учество во студентски проекти, стручни предавања и културни настани, каде ќе може да ја претстави и културата на својата земја пред колегите.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025