Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 16 октомври 2026, 17:53 ч.
Инжинерство, иновации и извонредност - вака би можеле да се опишат 65-те години од постоење на Технички факултет Битола, една од најстарите и најреномирани високообразовни установи во рамките на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, кој денеска свечено го одбележа својот значаен јубилеј – 65 години од почетоците на инженерскотоо образование во Битола.
На свечената академија проследена со уникатна уметничка програма, што се одржа на 16 октомври 2026, присуствуваа претставници од академската заедница, стопанските субјекти, поранешни и сегашни вработени, гости и соработници на Факултетот.
Свеченоста беше отворена со поздравно обраќање на деканот проф. д-р Митко Костов, кој ја истакна важноста на континуираниот развој и визијата на Факултетот кој со децении претставува столб на македонската индустрија и технолошкиот развој, потенцирајќи дека сето тоа е заслуга на ентузијазмот и трудот на генерации професори и студенти, сега успешни инженери кои ги градат своите професионални кариери во земјава и странство.
Честитки и признание за шест и пол децениското работење на оваа конститутивна единица на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, упати ректорот проф. д-р Игор Неделковски, кој посочи дека Техничкиот факултет е институција која преку силната и континуирана соработка со индустриските гиганти и клучните енергетски капацитети во регионот и земјата, дала огромен придонес за општествениот и економскиот развој на државата.
Пред присутните на настанот се обрати и градоначалникот Тони Коњановски, кој уште еднаш ја потврди одличната соработка со Универзитетот, кој како дел од Алијансата КОЛОРС, ја внесе Битола во Европа.
Во рамките на програмата доделени се благодарници на вработени, пензионирани професори, сродни факултети од земјава и странство и претставници од стопанството, како признание за нивниот долгогодишен придонес во развојот, афирмацијата и унапредувањето на Техничкиот факултет – Битола. Оваа синергија меѓу науката и бизнисот им овозможува на студентите редовна практична настава, стипендии и сигурна кариера веднаш по дипломирањето, потврдувајќи го ТФБ како вистински мотор на регионалниот економски развој.
Со одбележувањето на јубилејот Техничкиот факултет – Битола испрати порака до новите генерации дека инженерството е професија која нуди решенија и го менува светот. Насочен кон практични знаења, меѓународни истражувачки проекти и силно партнерство со водечките индустриски компании во регионот, тој останува главен сојузник на младите умови кои сакаат да станат лидери и иноватори на иднината.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025