Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Македонија

Голем успех за македонското радиоаматерство: Професорот Дејан Трајковски ја освои престижната плакета „10 Band DXCC“

Објавено: 10 октомври 2026, 14:14 ч.

Голем успех за македонското радиоаматерство: Професорот Дејан Трајковски ја освои престижната плакета „10 Band DXCC“

Македонскиот професор Дејан Трајковски оствари уште еден значаен успех освојувајќи ја престижната плакета 10 Band DXCC, која во радиоаматерската заедница се смета за еден од највисоките докази за оперативна вештина, конструкторство и упорност.

Признанието се доделува за официјално потврдени двострани радиоаматерски врски со најмалку 100 различни земји на секој од десетте посебни радиоаматерски опсези: 160 m, 80 m, 40 m, 30 m, 20 m, 17 m, 15 m, 12 m, 10 m и 6 m.

За разлика од основната DXCC диплома, која може да се освои со работа на еден омилен опсег или со комбинација на повеќе, признанието 10 Band DXCC бара совладување на десет потполно различни физички средини за просторање на радиобрановите — од ноќните услови и шум на најниската фреквенција од 160 метри („the top band“), па сè до непредвидливите отворања на 6 метри („the magic band“).

„Секој опсег бара сопствена филозофија на антени, конструкторство, операторски вештини и борба за секоја нова земја“, истакнува Трајковски.

Од Битола до Асамати: Како беше совладан последниот предизвик

За повеќето радиоаматери најголем предизвик претставува собирањето на 100 земји на 160 метри, но кај Трајковски последниот и најтежок чекор бил опсегот од 6 метри.

Додека работел од Битола, поради географската положба во котлината и заклонетоста со Баба Планина, тој успеал да стигне до околу 80 земји. Пресвртот настанал со префрлање на локацијата за работа во Асамати, од каде што се отворила радио-патеката кон Африка и Јужна Америка, со што брзо била премината границата од 100 потврдени земји и на овој опсег.

Највисок официјален рејтинг во Македонија

Трајковски моментално има 2.277 официјално потврдени и признаени DXCC земји збирно на сите 10 опсези. Според официјалната евиденција на Американската радиорелејна лига (ARRL), тоа го прави сопственик на моментално највисокиот официјално признат рејтинг на DXCC Challenge листата во Македонија.

Неговите следни амбиции вклучуваат:

DXCC Honor Roll: Трајковски моментално има 330 активни земји (вкупно 337 со 7 избришани). Нему му недостасува уште само една земја за да влезе во елитното светско друштво на радиоаматери кои имаат потврдено врски со речиси сите активни DXCC земји во светот. Големи надежи полага на најавената експедиција на островот Петар Први (Peter I Island) во февруари 2027 година.

DXCC Satellites: Покрај класичните опсези, тој активно работи и преку сателити, со цел наскоро да ја донесе првата диплома DXCC Satellites во Македонија.

 А.Ш.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми