Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Македонија

Училиштата стануваат арени за пресметки: Расте бруталноста меѓу младите, властите воведуваат солени казни за родителите

Објавено: 11 август 2026, 14:51 ч.

Училиштата стануваат арени за пресметки: Расте бруталноста меѓу младите, властите воведуваат солени казни за родителите

Фотографија: Министерство за образование

Расте бруталноста во случаите на врсничко насилство: Институциите ги зајакнуваат превентивните и казнените мерки

Во последните три учебни години во Македонија просечно се пријавуваат по околу 50 случаи на врсничко насилство годишно. Иако самиот број на инциденти не бележи пораст, загрижувачки е тоа што драстично се зголемува бруталноста и агресијата кај децата и младите.

Ова го истакна министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, за време на панел-дискусијата „Меѓуврсничко насилство и вандализам“, која по повод Меѓународниот ден на младите – 12 Август, се одржа во Охрид под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

За спречување на овој деструктивен тренд, институциите преземаат низа превентивни и системски чекори. Поголема контрола и стручна поддршка во училиштата, односно се зајакнуваат стручните служби со нов кадар, а повторно се вратени и дежурствата на наставниците за време на одморите во ходниците и училишните дворови.

Се работи и на Прирачници за сајбер-булинг и насилство. Во соработка со „Телеком“, УНИЦЕФ и „Макпетрол“ се изработени прирачници за препознавање и спречување интернет-насилство и врснички конфликти, а со Коалицијата „СЕГА“ се подготвуваат национални стандарди за безбедни училишта.

Многу е важен и процесот на препознавање на семејното насилство. Анализите упатуваат дека коренот на детската агресија често лежи во семејството. Затоа, МОН во соработка со МВР, Министерството за социјална политика и Комората на психолози спроведува обуки за наставниците и психолозите со цел рано препознавање на семејно насилство и занемарување кај децата.

Паричните казни за родителите се важен момент. Во собраниска процедура се законски измени со кои се предвидуваат парични казни за родителите и старателите чии деца вршат врсничко насилство, како и за оние кои одбиваат соработка со училишните служби.

Сериозноста на состојбата ја потврдуваат и последните инциденти на терен, како неодамнешниот случај во Битола каде 16-годишно момче беше групно нападнато во училишен двор, како и физичките пресметки меѓу млади во Прилеп.

„Укажувајте, спречувајте обиди за булинг, пријавувајте насилство, бидете емпатични, заштитете ги послабите и помогнете им на оние на кои им е потребна помош“, им порача Јаневска на младите, апелирајќи на враќање на вредностите како толеранцијата, емпатијата и солидарноста.

 А.Ш.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми