Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 3 јуни 2026, 21:42 ч.
На скопските клиники трансплантирани срце и бубрег од починат донор
Во градите на 52-годишен пациент од денеска пулсира ново срце. Оваа хумана мисија за спас на човечки живот доаѓа по цели четири години надеж и неизвесност за пациентот, кој уште од 2021 година беше запишан на Националната листа за трансплантација.
„Симбол на нечија љубов која продолжува да живее и да носи светлина во друг живот. Едно семејство, во најтешкиот момент од животот, донесе одлука да спаси животи“, соопштија од Министерството за здравство.
Од ресорното министерство потенцираат дека срцето на донорот не застанало, туку едноставно продолжило да бие во градите на некој друг, враќајќи ја вербата и надежта во хуманоста, објави 4news.mk Оваа успешна трансплантација е уште еден доказ за важноста на органодарителството во Македонија, процес кој секојдневно пишува нови приказни за спасени човечки животи.
Истовремено, 23-годишно момче доби бубрег и со него, шанса за поквалитетен живот. Донирани се и коскени ткива, уште еден исклучителен дар, кој ќе помогне во лекување и обновување на живот“, соопшти Министерството.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025