Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Македонија

Во меѓународната акција TRIGGER X одземени 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 минско-експлозивни средства - контроли и во Битола и Прилеп

Објавено: 12 октомври 2026, 20:06 ч.

Во меѓународната акција TRIGGER X одземени 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 минско-експлозивни средства - контроли и во Битола и Прилеп

Во рамки на меѓународната акција „TRIGGER X“ одземени се 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 минско-експлозивни средства, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Во периодот од 22 јуни до 5 јули 2026 година, во организација на ИНТЕРПОЛ, беше спроведена меѓународната оперативна акција „TRIGGER X“, во која учествуваше и Македонија.

Носител на активностите во Министерството за внатрешни работи беше Одделот за криминалистичка полиција, односно Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал, додека координацијата и комуникацијата со земјите учеснички се одвиваа преку Национално централно биро на ИНТЕРПОЛ – Скопје, Секторот за меѓународна полициска соработка.

Во акцијата беа вклучени повеќе организациски единици на Бирото за јавна безбедност, како и Царинската управа, со цел сузбивање на прекуграничниот криминал, откривање и спречување на недозволената трговија со огнено оружје и муниција, како и спроведување засилени контроли во правни лица што вршат промет со оружје, муниција и пиротехнички средства, стрелачки клубови, цивилни стрелишта и ловни друштва.

Во рамки на оперативните активности беа извршени контроли и прегледи на 548 селектирани лица и 382 возила, меѓу кои патнички и товарни возила, како и приколки. Дополнително, Одделот за криминалистичко-разузнавачка анализа при БЈБ и Секторот за меѓународна полициска соработка извршија проверки во интерните бази на податоци за повеќе од 500 лица и 300 возила. Во предоперативната фаза, при два претреси, биле пронајдени и одземени три пиштоли, 115 куршуми, рамка за оружје, седум ловни патрони, три рачни бомби и кутија со барут. При увид по пријава, дополнително биле пронајдени и одземени пиштол, рамка, импровизирана направа во вид на цевка за испукување куршуми и 77 куршуми.

Во оперативната фаза биле извршени вкупно 35 претреси, при што биле пронајдени и одземени 27 парчиња оружје и 604 парчиња муниција за кои се преземаат мерки за поведување кривична постапка, како и 10 минско-експлозивни средства. За поведување управна постапка биле одземени и три ловни пушки, една пневматска пушка и 128 ловни патрони.

Во рамки на засилените контроли на граничните премини, биле лишени од слобода две лица. На Граничниот премин „Табановце“, при контрола на возило управувано од австриски државјанин, била откриена непозната материја, по што лицето било лишено од слобода во врска со сомнение за кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

На Граничниот премин „Меџитлија“, по барање на СВР Велес, било пронајдено лице евидентирано на стоп-листа, кое било лишено од слобода и предадено на понатамошно постапување.

На подрачјата на СВР Скопје и СВР Битола биле извршени и четири вонредни контроли во стрелачки клубови и две вонредни контроли во цивилни стрелишта. При контрола во стрелачки клуб во ОВР Прилеп биле одземени една ловна пушка и еден револвер.

Учество во вакви меѓународни оперативни акции претставува значаен придонес во зајакнувањето на меѓународната полициска соработка, размената на информации и координираното постапување во борбата против недозволената трговија со оружје и прекуграничниот криминал.

Преку заеднички и координирани активности со меѓународните партнери, Министерството за внатрешни работи продолжува активно да придонесува кон унапредување на безбедноста и спречување на нелегалниот промет со оружје, муниција и експлозивни средства, информираат од министерството.

 А.Ш.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми