Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 8 октомври 2026, 11:06 ч.
По повод Светскиот ден на менталното здравје, во СОУ „Ѓорче Петров“ во Прилеп се одржа настанот под мотото „Изрази се – младите го кршат молкот“, каде што преку искрен и отворен разговор беше даден простор за темите што ги засегаат средношколците: стресот, анксиозноста, училишниот притисок и очекувањата од околината.
Појдовна точка за дискусијата беа резултатите од претходно спроведената анонимна анкета меѓу учениците, преку која самите средношколци ги дефинираа темите кои за нив се најпредизвикувачки во секојдневието.
На панел-дискусијата учествуваа стручни лица и гости кои ги споделија своите согледувања и искуства: Д-р Гордана Катова Јаневска, Маја Димоска Јандреска – психолог, Елеонора Костоска Јованоска – претставник од Локалната самоуправа и Михаил Ангелески – студент и поранешен ученик на училиштето, кој ја доближи темата од агол на млад човек кој неодамна го поминал средношколскиот период.
За време на разговорот беа опфатени прашања за препознавање на симптомите на стрес и анксиозност, нивниот импакт врз секојдневниот живот, како и за тоа кога и каде младите можат да побараат стручна поддршка.
Покрај дискусијата, учениците ги изразија своите емоции и преку ликовни творби, пресликувајќи ги предизвиците од врсничкиот притисок, семејството, социјалните медиуми и неизвесноста за иднината, но и позитивните механизми за справување со нив.
„Зад резултатите од анкетите не стојат само бројки, туку млади луѓе со свои искрени чувства, грижи и потреби. Понекогаш токму разговорот е првиот и најважен чекор кон барање помош“, порачуваат од училиштето.
За успешното организирање на настанот беше упатена благодарност до директорката на СОУ „Ѓорче Петров“, Жанета Видевска, како и до сите присутни ученици, родители, наставници и гости кои со своето присуство ја поддржаа пораката: Да зборуваме, да слушаме и да не осудуваме.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025