Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 21 јуни 2026, 15:31 ч.
Од утре (понеделник, 22 јуни) па сè до 1 јули 2026 година, привремено ќе биде прекинат сообраќајот на дел од патничките возови во земјава кои сообраќаат од Скопје во правец кон Велес, Гевгелија и Битола.
Како што соопштија од ЈП „Македонски железници – Инфраструктура“, причина за прекинот се завршните градежни работи за потребите на проектот „Градски воз“, кои ќе се изведуваат на пругата Скопје – Велес, поточно на делницата од станицата Скопје до станицата Зелениково.
Според информациите од претпријатието, во овој десетдневен период нема да сообраќаат следниве патнички возови:
Скопје – Гевгелија – Скопје:возовите со број 611 (во 6:20 часот) и 631 (во 16:55 часот), како и возовите во спротивен правец Гевгелија – Скопје со број 630 (во 4:30 часот) и 632 (во 17:02 часот).
Скопје – Битола – Скопје:возовите со број 641 (во 7:06 часот) и 645 (во 20:05 часот), како и повратните од Битола за Скопје со број 640 (во 3:10 часот) и 644 (во 18:22 часот).
Битола – Велес – Битола: возот број 642 (од Битола во 12:46 часот) и возот број 643 (од Велес во 15:25 часот).
Скопје – Велес – Скопје:вечерниот воз број 2083 (од Скопје во 22:40 часот) и утринскиот воз број 600 (од Велес во 5:00 часот).
Патниците кои редовно ги користат овие железнички линии се повикуваат да ги прилагодат своите патувања и да користат алтернативен превоз во наведениот период, додека траат инфраструктурните зафати на терен.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025