Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Македонија

Забележа Дива депонија во Пелагонија? Реагирај и алармирај - Пријави на платформата Ecoalarm.mk

Објавено: 12 јуни 2026, 18:14 ч.

Забележа Дива депонија во Пелагонија? Реагирај и алармирај - Пријави на платформата Ecoalarm.mk

Дивите депонии и нелегално исфрлениот отпад се сериозна закана за околината, здравјето и квалитетот на животот во Пелагонискиот Регион. Со цел локалните заедници активно да се вклучат во борбата за чиста животна средина, Здружението на граѓани „Граѓански патеки“ – Битола го разви и го реализира проектот и онлајн платформата Ecoalarm.mk.

Медиумски партнер и поддржувач на оваа иницијатива е Evo.mk, кој преку своите новинарски стории ќе им даде дополнителна гласност на пријавените случаи.

Стани „Еко Ренџер“ и алармирај за дива депонија!

Секогаш кога ќе забележиш дива депонија или нелегален отпад во твоето опкружување можеш да реагираш.

Процесот за мапирање и пријавување е брз и достапен за сите граѓани:

Фотографирај и лоцирај: Направи три фотографии од дивата депонија и забележи ја точната локација (општина, село или локален пат).

Испрати ги податоците: Испрати ги фотографиите и локацијата на официјалната е-пошта: graganskipateki@gmail.com.

Ако сакаш да одиш и чекор понатаму креирај профил за „Еко Ренџер“: Доколку сакаш директно да внесуваш нелегален отпад на интерактивната Аларм Мапа, испрати ги твоите основни податоци (име, презиме и телефонски број) на истата е-пошта за да ти биде креиран кориснички профил.

Мапирање и поттикнување на повисока еколошка свест

Сите пријавени ѓубришта се внесуваат на дигиталната мапа. Главната цел е да се поттикне јавната свест за опасностите од расфрланиот отпад во урбаните и руралните средини и да се изврши притисок врз надлежните за нивно чистење.

Проектот „Еко Аларм“ е реализиран од Здружението на граѓани „Граѓански патеки“ – Битола, во соработка со тим од млади волонтери и активисти од Битола, Прилеп, Крушево, Новаци и Могила. Веб-платформата е изработена со финансиска поддршка од Youth Empowerment Fund и Европската Унија.

Вклучи се и ти!

Сакаш ли да придонесеш за почиста животна средина? Чистата средина е наша заедничка одговорност! Посети ја платформата Ecoalarm.mk, мапирај дива депонија и биди дел од промената во Пелагонија.

 А.Ш.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми