Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 9 октомври 2026, 11:50 ч.
Oсум пчелари во Битола добија решенија за упис во Регистарот на корисници на географски ознаки за заштитената географска ознака „Мариовски мед”. Решенијата беа врачени на отворањето на 29. манифестација „Денови на македонското пчеларство”, во организација на Пчеларското здружение „Нектар”.
„Нашите пчелари знаеме дека вредно работат, исто како и пчелите и не случајно се заедно, едни со други во партнерски однос и произведуваат еден прекрасен, одличен мед, кој што е препознаен и во регионот, а слободно можам да кажам и пошироко и ние како министерство стоиме во партнерски однос заедно, секогаш кога има и каде има потреба да застанеме заедно и да се соочиме со сите предизвици. Имаме година каде што има намалени количини во производство на мед, но сепак климатските промени мораме да разбереме дека се реалност и ние нормално треба да се прилагодуваме кон истите и сите позитивни практики кои ги имаме и сите научни испитувања кои што се во делот на пчеларството мораме да ги применуваме, за да дојдеме до една позитивна пракса која што ќе ни даде нов пристап кон пчеларството, а нормално и зголемување на приносите“, истакна министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски.
Во име на Општина Битола на манифестацијата присуствуваше претседателот на Советот Бојан Бојкоски, кој кажа дека општината во континуитет дава поддршка на ваквите настани.
„Ќе продолжиме да ја даваме истата поддршка која што ја дававме и досега. Се надеваме дека наредната јубилејна година на 30 годишнината на манифестацијата, ќе имаме и поголем број на производители и се разбира локалната самоуправа во делот на надлежностите кои што ги има, најголем дел од надлежностите се во комуналната инфраструктура, Општина Битола како едно централно, урбано подрачје, континуирано вложува во руралните средини преку изградба на сите оние пристапни патишта, локална инфраструктура, водовод, канализација, со цел жителите кои што живеат во тие рурални средини да останат во местата на живеење, да не ги напуштаат истите, односно да немаме како што беше во изминатиот период миграција село-град“, рече Бојкоски.
Манифестацијата ќе трае до 10 октомври.
К.Н.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025