Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 19 јуни 2026, 17:50 ч.
Во Македонија е регистриран првиот случај на заразен со вирусот Зика, при што станува збор за случај на заболен пациент кој инфекцијата ја добил откако претходно престојувал на Малдивите.
Сепак нема место за паника поради потенцијално ширење на вирусот, бидејки ризикот од локална трансмисија е минимален, со оглед на тоа што вирусот примарно се пренесува преку убод од специфичен вид комарци (Aedes), кои во овој период од годината не се активни.
Што е Зика вирус
Зика е вирусна инфекција која најчесто се пренесува преку убод од заразен комарец од родот Aedes (истите комарци кои ги пренесуваат и денга и чикунгуња грозниците).
Кај најголем дел од луѓето (околу 80%), инфекцијата поминува без никакви симптоми. Кај оние кои развиваат клиничка слика, симптомите се главно благи и вклучуваат:
* Повишена телесна температура
* Осип на кожата
* Болки во зглобовите и мускулите
* Конјунктивитис (црвенило на очите)
* Главоболка
Симптомите обично траат од неколку дена до една недела. Иако кај возрасните болеста ретко предизвикува сериозни компликации, вирусот Зика е најопасен за бремените жени, бидејќи може да предизвика тешки вродени аномалии кај новороденчињата, вклучувајќи и микроцефалија (намален раст на главата и мозокот кај фетусот).
Здравствените власти апелираат до граѓаните кои патуваат во егзотични и тропски предели каде што овој вирус е ендемски, да применуваат мерки за лична заштита од убоди од комарци (користење репеленти, носење облека со долги ракави и ногавици) и да внимаваат на симптомите по враќањето во земјата.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025