Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Македонија

ЗЛАТО ЗА МАКЕДОНСКИОТ МЕД ВО СЛОВЕНИЈА: Filipo Macedonia со меѓународно признание од саемот AGRA 2026

Објавено: 22 октомври 2026, 16:38 ч.

ЗЛАТО ЗА МАКЕДОНСКИОТ МЕД ВО СЛОВЕНИЈА: Filipo Macedonia со меѓународно признание од саемот AGRA 2026

Македонското пчеларство забележа уште еден значаен меѓународен успех. Медот од фацелија, произведен од битолското семејно пчеларство „Filipo Macedonia“, се закити со златен медал во категоријата ливадски мед на престижниот меѓународен земјоделски и прехранбен саем „AGRA 2026“, кој традиционално се одржува во Горња Радгона, Словенија.

Во конкуренција на бројни изложувачи и производители од Словенија, Италија и низа други европски земји, стручното жири го препозна супериорниот квалитет, природната чистота и специфичната арома на македонскиот мед од фацелија.

„Ова не е само медал. Зад секое признание стојат многу труд, љубов, посветеност и почит кон пчелите и природата. За мене, медот никогаш не бил само производ — тој е љубов, уметност и дел од мојот живот“, истакнува Филип Крстевски, изразувајќи благодарност до сите верни купувачи и поддржувачи кои се дел од оваа успешна домашна приказна.

Успехот на саемот „AGRA 2026“ претставува уште една потврда за огромниот потенцијал на македонското пчеларство и високите стандарди што ги поставуваат домашните производители на европската и светската сцена.

По освојувањето на златото во Словенија, од „Filipo Macedonia“ веќе ги најавуваат следните амбициозни чекори — учество и презентација на квалитетот на македонскиот мед на претстојниот светски натпревар „Paris International Honey Awards 2027“ во Франција.

 А.Ш.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми