Пелагонија во фокусот
Поткасти
Објавено: 5 декември 2025, 17:57 ч.
Лажните вести се победуваат само со проверени информации- Подкаст на Александра Фузевска од Ресен со новинарката на ТВ Тера Дивна Грданова-Караџовска.
Целта на разговорот е да се едуцираат младите како да ги препознаат дезинформациите. „Има три чекори за да се направи вистинска вест. Тие се: провери, провери и провери. Само така можеме да се бориме против дезинформациите кои се сѐ почести. Верувам дека лажните вести нема да ја покријат вистината’’, вели долгодишната новинарка Дивна Грданова-Караџовска во подкастот снимен со Александра Фузевска од Ресен.
Поткастот е продуциран во рамките на проектот „Младинска медиумска лабораторија“, кој го имплементира граѓанската организација „Граѓански Патеки“ во партнерство со здруженијата „ИКТ Свет“, „Журналист“, „Од млади за млади“, „Младинска Граѓанска Акција“ и „Еко герила Преспа“.
Со цел едукација на младите критички да ги разбираат медиумските содржини, продуциран е и Видео курс за медиумска писменост кој можете да го следите на веб платформата medialab.evo.mk.
Проектот „Младинска медиумска лабораторија“ се спроведува во рамките на регионалната програма „Нашите медиуми: Акција на граѓанското општество за поттикнување на медиумска писменост и активизам, спротивставување на поларизацијата и промовирање на дијалогот“, која се имплементира со финансиска поддршка на Европската Унија од партнерските организации СЕЕНПМ, Албанскиот институт за медиуми, Медиацентар Сараево, Советот за медиуми на Косово, Црногорски институт за медиуми, Македонски институт за медиуми, Новосадската школа за новинарство, Мировен институт и Бианет.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025