Пелагонија во фокусот
Спорт
Објавено: 2 септември 2026, 08:44 ч.
Македонскиот кошаркарски прволигаш Пелистер во своите редови од сега го има и американецот Рузвелт Вилер.
„КК Пелистер е посилен за уште еден американски кошаркар со одлична репутација на пазарот. Рузвелт Вилер доаѓа во Битола како етаблиран кошаркар, кој минатата сезона го носеше дресот на швајцарските клубови Женева и Масањо“, објави клубот.
Новото засилување на Пелистер е 23-годишен центар, висок 211 сантиметри, кој кариерата ја почна на колеџот Луизвил, по што продолжи во Ист Тенеси. Покрај искуството во Швајцарија, Рузвелт има титула и во шампионатот на Чиле со екипата на Кулпе.
По неговото доаѓање во Битола ќе се приклучи кон екипата и веднаш ќе му се стави на располагање на тренерот Тане Спасев.
П.Н.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025