Пелагонија во фокусот
Спорт
Објавено: 22 септември 2026, 21:55 ч.
Во наредните два дена во Битола ќе се одржат два спортски настани во рамките на Европската недела на спортот од 23 до 30 септември.
Утре ( среда ) 23 септември 2026 година со почеток во 10:00 часот ќе се одржи турнир во футсал на стадионот со вештачка трева „Петар Упалевски-Упале“, а промотори се фудбалери и фудбалерски од ФК и ЖФК „Пелистер“.
В четврток на 24 септември 2026 година во градскиот парк во Битола ќе се организира есенски крос со ученици од основните и средните училишта од Битола со почеток во 10:00 часот.
Европската недела на спортот е иницијатива на Европската комисија со цел да ја поттикне физичката активност, рекреацијата и здравиот начин на живот кај граѓаните од сите возрасти.
Организацијата на спортските настани по овој повод е на Министерството за спорт со поддршка на Општина Битола, а кофинансиран од Европската унија.
П.Н.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025