Пелагонија во фокусот
Спорт
Објавено: 29 септември 2026, 15:42 ч.
Утре во Битола, од 20.45 часот ракометарите на Пелистер во меч од 1.коло во ЕХФ Европската лига, ја пречекуваат Ла Риоха.
Тренерот Лино Червар става акцент на одбраната.
“Мораме добро да се подготвиме. Многу го ценам шпанскиот ракомет. Ла Риоха е клуб против кој веќе сум играл и има голема традиција. Нè чека напорна работа, играчите мора да бидат подготвени. Посебно важна е нашата одбрана. Кога некој игра добра одбрана, тогаш има голема шанса да победи на натпреварот. Ова е наш прв натпревар оваа година во Европската лига, а луѓето очекуваат многу од нас. Многу сум задоволен од атмосферата меѓу играчите и очекувам многу публика. Навивачите се многу поврзани со нашиот клуб. Ниту еден успех на Пелистер не би бил можен без публиката. Страста за победа дава дополнителна енергија. Затоа јас верувам во мојот тим, јас верувам во Пелистер. Нема да биде лесно, но со оптимизам ја чекаме утакмицата и сакаме победа“ изјави Червар.
Чекањето за врвен европски ракомет заврши и мора да трае долго оваа сезона. Почнуваме од утре - заедно тимот, навивачите, градот, соопшти клубот
П.Н.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025