Пелагонија во фокусот
Спорт
Објавено: 26 јули 2026, 13:45 ч.
Актуелниот македонски ракометен шампион, Еурофарм Пелистер, и официјално ги започна подготовките за натпреварувачката сезона 2026/27. Битолскиот тим денес одржа работен состанок на кој играчите се запознаа со новите предизвици и планот за работа.
Настанот помина во знакот на новиот предводник на „зелено-белите“, трофејниот стратег Лино Червар, кој им се обрати на ракометарите, им го претстави планот на подготовки и им посака добро здравје и успешна сезона исполнета со победи. Првите два дена од подготовките се резервирани за стандардните медицински тестови, а вечерва екипата ќе има заедничка вечера за означување на новиот почеток.
Битолскиот состав претрпе измени во однос на минатата сезона, со цел да се освежи тимот и да се подигне конкурентноста на домашно и меѓународно ниво.
Нови лица во Битола се: Алекса Колаковиќ, Мартин Серафимов, Миха Котар, Омер Мехмедовиќ, Едвин Џелетовиќ, Малик Татар, Ненад Белистојаноски и Диего Басанесе.
Играчи кои го напуштија клубот се: Усама Хосни, Богдан Радивојевиќ, Илија Абутовиќ, Домен Тајник и Дејан Манасков.
Пелистерци во текот на првата недела ќе тренираат во Битола, каде ќе се работи на воведната физичка подготовка. Веднаш потоа, експедицијата на Еурофарм Пелистер се сели во Словенија, каде што ќе бидат реализирани клучните базични подготовки и каде тимот ќе ја темпира формата преку контролни натпревари пред стартот на возбудливата ракометна есен.
П.Н.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025