Пелагонија во фокусот
Спорт
Објавено: 7 јули 2026, 15:56 ч.
Европската ракометна федерација денеска ги објави клубовите кои ќе се натпреваруваат во Лига Европа и во Европскиот куп.
Од македонските екипи Еурофарм Пелистер ќе биде дел од Лига Европа, а 32-те екипи ќе бидат поделени во осум групи по четири екипи. Во следната рунда ќе продолжат двете првопласирани од секоја група и трето и четвртопласираните од групите од Лигата на шампионите.
Потоа 28-те екипи ќе играат два натпревара (дома-гости), а победниците заедно со петтопласираните од новите групи од Лигата на шампионите ќе играат во осминафиналето.
Победниците (осум екипи) ќе играат четвртфинале, а победниците од тие дуели ќе бидат дел од завршниот турнир на 22-23.мај 2027 година. Извлекувањето на групите е на 17. јули во 11 часот во Виена.
За учество во ова натпреварување аплицираше и актуелниот победник на ЕХФ Европскиот куп Охрид, но сепак македонскиот претставник ќе мора да го брани трофејот во ова натпреварување.
Охрид, Алкалоид и Бутел ќе ги стартуваат натпреварите во второто коло, додека Тиквеш кој доби право на учество со „вајлд карта“ ќе биде дел од првото коло. Финалните натпревари (дома-гости) ќе се играат на 22-23.мај и 29-30. мај.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025