Пелагонија во фокусот
Спорт
Објавено: 23 јули 2026, 08:57 ч.
Суперлигашот Еурофарм Пелистер 2 ги започна подготовките за новата сезона 2026/27. Под водство на новиот тренер Бранислав Ангеловски, младиот суперлигаш го одржа првиот работен состанок и тренинг. Во стручниот штб на Ангеловски ќе бидат Фарук Мемиќ (асистент тренер), Васко Димитровски (кондиционен тренер), Филип Ивановски (тренер на голмани) и Иванчо Тодоровски (физиотерапевт).
Екипата ќе се подготвува во Битола, а ќе одигра и контролни натпревари пред официјалниот старт.
Еурофарм Пелистер 2.
Клубот ги соопшти имињата на тие кои дојдоа и тоа: Александар Стојков (Куманово), Марко Трајков (Пролет), Кристијан Симоноски (Алкалоид), Божидар Илиески (Прилеп). Во меѓувреме пак заминаа: Мартин Јовановски, Азис Бен Махфуд, Ненад Белистојаноски, Петар Марковски, Одфред Баптист. Томче Пецаковски, Бојан Гичев и Јован Даневски.
Во првото коло на Суперлигата 2026/27, Еурофарм Пелистер 2 гостува кај шампионот Вардар 1961.
П.Н.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025