Пелагонија во фокусот
Спорт
Објавено: 29 јули 2026, 10:36 ч.
Битолскиот спортски гордост, Фудбалскиот клуб Пелистер, испишува нова, значајна страница во својата богата историја. За првпат од основањето на клубот пред цели 81 година, „зелено-белите“ добиваат свој официјален фан шоп, позициониран онаму каде што чука срцето на битолскиот фудбал – на стадионот „Петар Милошевски“.
Оваа долгоочекувана вест доаѓа како одговор на долгогодишните барања на најверните навивачи и љубители на фудбалот во Битола. Од менаџментот на клубот истакнуваат дека целта е ова место да прерасне во нов препознатлив белег на градот и омилена станица за сите генерации кои во срцето ја носат зелено-белата боја.
Нов дом за дресови, сувенири и навивачки реквизити
Новиот фан шоп ќе понуди широк асортиман на официјална клупска опрема. Битолчани, но и сите иселеници и гости на градот, конечно на едно место ќе можат да купат оригинални дресови, шалови, сувенири и разновидни навивачки реквизити со кои ќе можат да дадат поддршка за својот омилен клуб.
„Се надеваме дека во иднина ова место ќе стане вашето омилено катче каде што ќе се чувствува вистинскиот дух на Пелистер. Ве покануваме заедно да испишеме ново поглавје во историјата на клубот“, порачуваат од ФК Пелистер, упатувајќи отворена покана до целата јавност.
Големо свечено отворање во петок со DJ Jakov
Отворањето на овој историски објект за клубот ќе биде одбележано со свечен настан кој ќе ги обедини спортските ентузијасти и навивачите. Свеченото отворање е закажано за овој петок (31 јули), со почеток од 18:00 часот, а забавата ќе трае до 21:00 часот.
За одличната атмосфера на стадионот „Петар Милошевски“ ќе се погрижи познатиот DJ Jakov, кој со свој музички сет ќе го заокружи овој важен момент за Битола. Организаторите ветуваат одлично дружење и ги повикуваат сите граѓани да бидат дел од промоцијата и заедно да го прослават новиот чекор напред кон модернизација на клубот.
Бидете дел од историјата – Пелистер ве очекува! - порачуваат од клубот.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025