Пелагонија во фокусот
Спорт
Објавено: 28 јули 2026, 14:29 ч.
Капитенот не се менува и оваа сезона. Филип Кузмановски го прифати предизвикот, остана во матичниот клуб и денес го поведе својот тим кон враќање на титулата во најракометниот град, соопшти Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер.
Пред првиот тренинг Кузмановски зборуваше пред новинарите.
„Среќен сум што останав во мојот матичен клуб и во мојот град, меѓу нашите омилени навивачи. Верувам дека оваа сезона ќе биде поуспешна од претходната. Имаме многу нови играчи, ќе ни треба време да се воиграме, но со доаѓањето на Лино Червар сите ќе имаат дополнителен мотив. Се надевам дека често ќе ја радуваме битолската публика, која секогаш е со нас. Ќе бидеме поинаков тим од лани. Очекувам да изгледаме подобро и во напад и во одбрана. Жал ми е за играчите што заминаа, бидејќи заедно изградивме одлична атмосфера, но спортот носи промени. Сега е време да создадеме нов успешен колектив. Дресот на Пелистер носи одговорност и притисок, но верувам дека тоа ќе биде дополнителен мотив. Лигата ќе биде многу поконкурентна и ќе мораме да се бориме до крај на секој натпревар.“, изјави Кузмановски.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025