Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Спорт

Фудбалерките со пораз ги завршија квалификациите во Битола за Светското првенство

Објавено: 10 јуни 2026, 08:09 ч.

Фудбалерките со пораз ги завршија квалификациите во Битола за Светското првенство

Во последниот настап во овој циклус на квалификации за пласман на Светскиот куп, женската репрезентација на Македонија е поразена од Азербејџан со 3:1.

Натпреварот што се одигра на стадионот Петар Милошевски во Битола беше решен уште во првото полувреме кога беа постигнати сите четири гола.

Гостинките поведоа во осмата минута кога Кристина Бакарандзе ја совлада Викторија Панчурова која вечерва го одигра последниот настап во дресот на македонската репрезентација.

Само три минути подоцна Хава Мустафа беше прецизна за израмнување на резултатот на 1:1.

Во 28. минута, Мана Мољаева го постигна погодокот за водство на Азербејџан од 2:1, а во 37-та Нигар Мирзалиева ги постави конечните 3:1.

Во продолжението од натпреварот избраничките на селекторот Александар Андов ја преземаа инцијативата и во почетната фаза од второто полувреме беа подобар противник, но за жал неколкуте можности не успеаа да ги претворат во гол.

До крајот на натпреварот мрежите мируваа на двете страни, а ниту двете селекции немаа посериозни шанси за гол.

Во вториот натпревар од нашата група Унгарија триумфираше против Андора со 6:1 и ја потврди првата позиција на табелата.

На крајот од квалификациите Унгарките освоија 16 бода и се пласираа во следната фаза додека Азербејџан го освои второто место со 12 бода, но не успеа да се најде меѓу двете најдобро второпласирани репрезентации од Ц конкуренцијата.

Во овој циклус Македонија заврши како третопласирана во групата со шест бода освоени по победите над Андора.

Вечерашниот натпревар беше последен во репрезентацијата за голманката Панчурова која се повлече од настапите во националниот тим, но и натаму ќе го носи дресот на Тиверија Брера.

Извор и фотографии: Фудбалска Федерација на Македонија

 А.Ш.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми