Пелагонија во фокусот
Спорт
Објавено: 5 август 2026, 18:08 ч.
Младинската школа на ФК Пелистер ги продолжува интензивните подготовки за претстојната сезона, а генерацијата 2010 одигра уште еден екстра квалитетен меѓународен контролен натпревар на терените во Птолемаида, Грција.
Противник на младите битолчани беше соодветната екипа на израелскиот клуб Бнеи Јехуда. Во совршени услови за игра, двете екипи прикажаа фудбал со висок интензитет, динамика и квалитетни дуели.
Првото полувреме помина во целосно израмнета и рамноправна борба на теренот, каде мрежите мируваа и на пауза се замина со почетните 0:0. Во второто полувреме, „зелено-белите бисери“ влегоа значајно поангажирано и со два одлични погодоци зазедоа убедливо водство од 0:2.
Во продолжението од мечот, стручниот штаб на Пелистер им даде можност за докажување на сите фудбалери од тимот. Израелскиот состав ја искористи ротацијата, презеде иницијатива и успеа да направи целосен пресврт за конечни 3:2.
Од таборот на младинската школа на ФК Пелистер истакнуваат дека на овие подготвителни мечеви крајниот резултат е во втор план. Главниот фокус е ставен врз стекнувањето искуство, тестирањето на сите фудбалски сегменти и градењето форма преку силни меѓународни проверки, какви што нудат подготовките во Птолемаида.
П.Н.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025