Пелагонија во фокусот
Спорт
Објавено: 30 јуни 2026, 12:45 ч.
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа, експресно го заврши настапот на третиот гренд – слем турнир сезонава – Вимблдон. Таа во првото коло на турнирот за нешто повеќе од еден час игра беше елиминирана од минатогодишната финалистка Американката, Аманда Анисимова со 6:3, 6:2.
Во првиот сет Анисимова направи само еден брејк, во четвртиот гем, а потоа во деветтиот ја искористи првата сет топка и поведе со 1:0. Во вториот сет Американката врза пет гема во низа, со два брејка, Лина успеа да ја прекине таа серија и намали на 5:2, но следуваше перфектен гем на Анисимова за 6:2 и пласман во второто коло на турнирот.
Ѓорческа од Вимблдон сепак ќе си оди задоволна. Имено, таа имаше одлична игра во квалификациите во кои дојде до три победи. Не е за занемарување и финансискиот аспект со 100.000 долари освоена награда заедно со 50 рејтинг поени кои ќе ѝ помогнат да напредува на ВТА листата.
Инаку, за помалку од два месеци повторно ќе има Гренд Слем, US Open, така што повторно ќе имаме можност да навиваме за нова историја на светските спортски страници.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025