Пелагонија во фокусот
Спорт
Објавено: 4 август 2026, 13:55 ч.
Одбојкарскиот клуб Пелистер Волеј од Битола продолжи со активно склопување на тимот за претстојната натпреварувачка сезона, промовирајќи две нови големи засилувања кои доаѓаат од САД и Србија.
Офанзивна моќ од Атланта: Џејд Вотсон го засилува нападот
Првото ново име во битолскиот табор е 23-годишната американска одбојкарка Џејд Вотсон (Jade Watson), која игра на позицијата коректор и е висока 186 сантиметри. Вотсон пристигнува од престижниот универзитетски тим Life University во Џорџија, а претходно својот развој го градеше во познатите клубови Atlanta Boom, Tsunami и A5 Volleyball Club.
Зад себе има извонредна сезона во која беше избрана во првиот идеален тим на нејзината конференција (SSAC), прогласена е за најкорисна играчка (MVP) на својата екипа и се рангираше меѓу топ-10 одбојкарки според освоени поени од напад. Од клубот очекуваат таа да донесе сериозна офанзивна сила и стабилност во реализацијата.
Диригентската палка во рацете на Невена Радивојевиќ
Покрај Вотсон, Битолчанки ја комплетираа и клучната организациска позиција во тимот со ангажманот на техничарката Невена Радивојевиќ од Србија. Исто така родена 2003 година и висока 178 сантиметри, Радивојевиќ во Пелистер пристигнува од српскиот клуб Инџија, а потекнува од реномираната одбојкарска школа Lucky Star од Белград.
Радивојевиќ зад себе има и богато репрезентативно искуство, настапувајќи како прв техничар за Универзитетската репрезентација на Србија на Европските универзитетски игри во Лоѓ, Полска (2022). Од Пелистер Волеј истакнуваат дека нејзиниот ангажман ја затвора клучната алка во организацијата на играта и креирањето на нападите за новата сезона.
Фотографии: Пелистер Волеј
П.Н.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025