Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Спорт

Вимблдон не простува: Новак Ѓоковиќ казнет поради пцуење на теренот

Објавено: 8 јули 2026, 11:44 ч.

Вимблдон не простува: Новак Ѓоковиќ казнет поради пцуење на теренот

Седумкратниот шампион на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ, заработи парична казна од 5.600 фунти поради однесувањето за време на гранслем турнирот во Лондон, потврдија организаторите.

Раководството на Вимблдон го објави најновиот список на санкционирани тенисери во вторникот навечер, додека српскиот ас го играше својот меч против Феликс Оже-Алијасим. Казната за Ѓоковиќ официјално се води под прекршокот „гласна вулгарност“.

Иако организаторите не прецизираа кој конкретен момент ја предизвика казната, британските медиуми претпоставуваат дека инцидентот се случил за време на неговиот дуел против Роман Сафиулин во четвртото коло.

На тој натпревар, 39-годишниот тенисер доби формална опомена од судијата на столот откако бурно реагираше по претрпениот брејк на почетокот на третиот сет.

Ѓоковиќ во еден момент гласно извика „с---је“ и упати низа други пцовки на својот мајчин јазик, што не помина незабележано кај супервизорите на турнирот кои имаат нулта толеранција за вакво однесување.

Ова не е првпат емотивните реакции на српскиот тенисер на терените на Ол Ингланд Клубот да бидат санкционирани, со оглед на строгата традиција и кодекс на однесување кои ги налага престижниот лондонски турнир.

 А.Ш.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми