Пелагонија во фокусот
Спорт
Објавено: 3 јуни 2026, 15:29 ч.
На денешната седница на Дисциплинската комисија на Фудбалската Федерација на Македонија беше изречена казна за актуелниот шампион на Македонија, ФК Вардар по повод срамната прослава на титулата, и скандалозното навивање во кое што беше спомената поп македонската дива, Каролина Гочева.
ФФМ одлучи за срамното славење пренесено преку социјалните мрежи да го казни ФК Вардар со 15.000 евра.
Прославата за титулата шампион на Македонија на фудбалскиот клуб Вардар, прва по цели шест години, падна во сенка на срамни и крајно вулгарни инциденти. На социјалните мрежи тогаш се појави видео од еуфоричната прослава на фудбалерите, на кое јасно се слуша како тимот хорски пее навредлива навивачка песна насочена директно против популарната македонска пејачка Каролина Гочева и градот Битола.
Овој чин предизвика лавина од негативни реакции во јавноста, која го осуди однесувањето на спортистите како примитивно и недолично за нивниот статус, така што ваквата казна е сосема очекувана.
Дали ова во иднина ќе ги позамисли јавните личности како се изразуваат и какви видеа постираат на социјални мрежи останува да видиме.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025