Пелагонија во фокусот
Спорт
Објавено: 3 јуни 2026, 11:52 ч.
Започнуваме со изградба на две нови полетувалишта за параглајдинг во Крушево, значаен инфраструктурен проект кој ќе придонесе за уште посилен развој на спортскиот и авантуристички туризам и дополнително ќе ја зацврсти позицијата на Крушево како светски препознатлива параглајдинг дестинација, соопшти градоначалникот на Крушево.
Со проектот, Центарот за параглајдинг во Крушево ќе биде проширен со две современи полетувалишта. Првото полетувалиште ќе опфаќа 1.018,21 м² терен со висококвалитетна вештачка трева, како и дополнителни 993,79 м² површина засеана со природна трева околу теренот. Второто полетувалиште ќе биде со површина од 989,87 м² со вештачка трева и дополнителни 510,02 м² зелена површина со природна трева.
Со тоа, вкупната површина на терените за полетување со вештачка трева ќе изнесува 2.008,08 м², додека вкупната површина уредена со природна трева ќе достигне 1.503,81 м².
Оваа инвестиција ќе значи значително подобрување на инфраструктурата за параглајдерство во Крушево, создавање подобри услови за организирање меѓународни натпревари и спортски настани, како и двојно зголемување на капацитетот на Центарот за параглајдинг.
Истовремено, новите полетувалишта ќе придонесат за поголема безбедност на пилотите преку намалување на ризиците од нерамен и необработен терен и ќе овозможат безбедно полетување и за слободните параглајдеристи за време на официјални натпревари.
Со уредувањето на над 1.500 м² зелени површини со природна трева, проектот претставува и значаен чекор кон одржливо и современо уредување на просторот. Овие површини ќе обезбедат подобри услови за подготовка и распоредување на параглајдерската опрема, полесно и побезбедно движење на пилотите, намалување на можноста за оштетување на крилата и јажињата, како и подобра дренажа и намалување на калливи површини по врнежи.
Продолжуваме да инвестираме во проекти кои го развиваат Крушево, ја зголемуваат туристичката атрактивност и создаваат нови можности за спорт, туризам и локален економски развој, вели градоначалникот на Крушево.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025