Пелагонија во фокусот
Спорт
Објавено: 11 август 2026, 14:39 ч.
Кошаркарскиот клуб Пелистер продолжува со формирањето на тимот за новата сезона и го потврди ангажманот на 24-годишниот македонски кошаркар Лука Савичевиќ.
Савичевиќ пристигнува во Битола од екипата на Феникс 2010, а во својата кариера има богата интернационална и домашна биографија. Потекнува од школата на МЗТ Скопје, а има стекнато искуство во Шпанската кошаркарска академија (СБА), како и во американската колеџ-лига (НЦАА), каде ги бранеше боите на универзитетите Источен Мичиген и Лафајет. Тој исто така беше редовен член и еден од носителите на играта во младинските репрезентативни селекции на Македонија.
Со овој трансфер, раководството на КК Пелистер го потврдува својот фокус кон градење силен домашен костур на екипата.
— Ни претставува особено задоволство што уште еден млад македонски кошаркар го прифати предизвикот да биде дел од нашиот проект. Кошаркар со интернационално искуство и настапи за младите категории на нашите репрезентации ќе го облече дресот на Пелистер — соопштуваат од битолскиот клуб.
Официјалното претставување на Савичевиќ пред медиумите и навивачите ќе се реализира на почетокот од подготовките на клубот за претстојната сезона.
Т.С.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025