Пелагонија во фокусот
Спорт
Објавено: 6 август 2026, 20:49 ч.
Одбојкарскиот клуб Пелистер Волеј го потврди своето засилување за претстојната сезона 2026/27 со прекомандувањето на младата одбојкарка Марија Темелковска во сениорскиот состав.
Темелковска е уште еден производ на сопствената школа на Пелистер Волеј и беше дел од кадетската генерација која во изминатата сезона го освои сребрениот медал. Од клубот истакнуваат дека нејзиното преминување во сениорскиот тим е потврда за континуираното вложување во развојот на домашните играчи.
„Марија е доказ за посветеноста на нашиот клуб за континуирано вложување, раст и развој на домашни играчи од кои со право се очекува многу повеќе во секоја наредна сезона. Пелистер не е само клуб, тоа е чест за секоја битолчанка“, соопштија од одбојкарскиот колектив од Битола.
Со вклучувањето на Темелковска во првиот тим, Пелистер Волеј ја составува екипата за новата натпреварувачка сезона, потпирајќи се на сопствените младински сили.
Т.С.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025