Пелагонија во фокусот
Спорт
Објавено: 12 август 2026, 12:04 ч.
Кошаркарскиот клуб Пелистер од Битола продолжува со засилување и дефинирање на тимот за претстојната сезона 2026/27. По назначувањето на Тане Спасев за главен тренер, клубот ја потврди стратегијата за поддршка на младите и мотивирани македонски стручњаци со продолжување на соработката со Владимир Николовски.
Николовски, кој веќе неколку години е важен дел од стручниот штаб на битолчани и има акумулирано драгоцено искуство работејќи со повеќе тренери, го потпиша новиот договор и ќе му биде прв асистент на Спасев.
Со овој потег, КК Пелистер обезбедува континуитет во работата и јасно ја испраќа пораката дека во новата сезона влегува со домашна тренерска енергија, јасна визија и високи амбиции.
Т.С.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025