Пелагонија во фокусот
Спорт
Објавено: 14 септември 2026, 13:20 ч.
Деновиве официјално е пуштен во употреба новиот фудбалски терен со вештачка трева во општина Могила, изграден во рамки на глобалниот проект „FIFA Arena“.
На отворањето присуствуваше и генералниот секретар на Фудбалската федерација на Македонија, Леонид Јандреоски, како и легендите на македонскиот фудбал Николче Новески и Ѓорги Христов.
Упатувам искрена благодарност до ФИФА, Фудбалската федерација на Македонија, претседателот Масар Омерагиќ и генералниот секретар Леонид Јандреоски за поддршката и соработката, како и за тоа што ја препознаа Могила како дел од оваа значајна иницијатива. Овој терен не е само нов спортски објект. Тој е место каде што нашите деца ќе спортуваат, ќе се дружат, ќе го градат тимскиот дух и ќе ги развиваат своите таленти. Особено сум горд што Могила е една од само двете општини во Македонија во кои е изграден ваков современ фудбалски терен. Продолжуваме да го развиваме спортот и да создаваме подобри услови за нашите најмлади. Нека токму од овој терен започнат многу нови спортски приказни, а можеби и патот на некоја идна фудбалска ѕвезда!-порача градоначалникот на општина Могила, Драганчо Саботковски.
П.Н.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025