Пелагонија во фокусот
Спорт
Објавено: 6 октомври 2026, 16:01 ч.
Новак Ѓоковиќ повторно испиша историја! Српскиот тениски ас ја освои седмата титула на Кина Опен во Пекинг и уште еднаш покажа зошто неговото име со златни букви е запишано во историјата на светскиот тенис.
Ѓоковиќ до трофејот стигна откако во финалето Алекс де Минаур мораше да го предаде мечот поради повреда. Српскиот тенисер го доби првиот сет со 7:6, во тај-брејкот со 7:3, а по првиот гем од вториот сет, при водство од 1:0, Австралиецот повеќе не можеше да продолжи.
Иако финалето заврши на несакан начин, бројките зад оваа титула се спектакуларни. Ѓоковиќ во Пекинг сега има неверојатни 34 победи без ниту еден пораз – 34:0! Со тоа постави нов рекорд за најдолга победничка серија на еден турнир во историјата на АТП тенисот.
Претходниот рекорд го држеше легендарниот Рафаел Надал, кој на Роланд Гарос има 31 последователна победа. Ѓоковиќ прво го израмни и потоа го надмина тој рекорд, а сега го подигна на неверојатни 34 победи.
Патот до седмиот трофеј беше сè само не лесен. Во четвртфиналето Ѓоковиќ го совлада актуелниот шампион на УС Опен, Александер Зверев, со пресврт од 4:6, 6:4, 6:4. Во полуфиналето, пак, беше предизвикан од Данил Медведев, но мечот беше прекинат при водство на Ѓоковиќ од 7:5, 5:3, откако Медведев беше дисквалификуван по инцидент во кој топчето што го удри заврши во публика.
За 39-годишниот Ѓоковиќ ова е 102-ра титула во кариерата, со што продолжува да се приближува до рекордот на Роџер Федерер од 103 и Џими Конорс од 109 титули во Опен ерата.
А можеби најимпресивно од сè е фактот што Ѓоковиќ не знае за пораз во Пекинг. По пауза од 11 години, тој се врати на турнирот и продолжи таму каде што застана – со победа, со трофеј и со нов историски рекорд.
На 39 години, кога многумина одамна би се повлекле од врвниот спорт, Новак Ѓоковиќ продолжува да им пркоси на годините, на конкуренцијата и на сите граници. 34:0 во Пекинг, седум титули и 102 трофеи во кариерата. Бројки што звучат речиси неверојатно – но за Ѓоковиќ, очигледно, историјата сè уште не е завршена.
З.К.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025