Пелагонија во фокусот
Спорт
Објавено: 4 октомври 2026, 17:27 ч.
Момците на Стојановски триумфално во Куманово – совладан минатогодишниот шампион на Скопскиот регион, соопшти Младинската школа на ФК Пелистер.
После ремито во Скопје во првото коло, денес нашата генерација 2012, предводена од тренерот Стојановски, ја запиша и првата победа во Скопската регионална лига. Нашите момци славеа со 0:2 на гостувањето во Куманово против минатогодишниот шампион на Скопскиот регион, екипа која минатата сезона стигна до шампионската титула без ниту еден пораз, велат од таму.
Стрелци на погодоците за зелено-белите беа Берат Фејзулаху во 19. минута и Виктор Митковски во 55. минута.
Одличен почеток на новиот предизвик за момците на Стојановски, четири бода од првите две гостувања во Скопската регионална лига.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025