Пелагонија во фокусот
Спорт
Објавено: 11 јули 2026, 14:29 ч.
Камената бина во центарот на Прилеп синоќа беше епицентар на вистинска фудбалска треска. Стотици граѓани, меѓу кои најбројни беа младите, масовно се собраа на градскиот плоштад за заедно, на голем екран, да го следат возбудливиот натпревар помеѓу репрезентациите на Шпанија и Белгија.
Атмосферата во центарот на градот наликуваше на оние од големите европски стадиони. Со секоја добра акција, пропуштена шанса или гол, плоштадот ечеше од навивачки скандирања, аплаузи и неизвесност. Наместо стандардното излегување во кафулињата, прилепчани синоќа избраа отворен простор, дружење и заедничко навивање под ведро небо.
„Прекрасно е да се види центарот вака жив и полн со млади луѓе. Ова му требаше на градот – позитивна енергија, спортски дух и место каде што сите заедно можеме да уживаме во врвен фудбал“, коментираат присутните во публиката.
Оваа иницијатива за поставување на видеобим на Камената бина се покажа како полн погодок, трансформирајќи го јавниот простор во огромна навивачка зона која ги обедини сите генерации љубители на најважната споредна работа на светот.
Фудбалските возбудувања продолжуваат, а судејќи по синоќешната слика, центарот на Прилеп и во следните денови ќе биде главната дестинација за сите фудбалски фанови.
П.Н.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025