Пелагонија во фокусот
Спорт
Објавено: 13 јули 2026, 10:41 ч.
Италијанскиот тенисер Јаник Синер испиша нови страници во тениската историја, откако успешно ја одбрани титулата на Вимблдон и го изедначи големото постигнување на Роџер Федерер од 2003 година. Првиот рекет во светот стигна до престижниот трофеј на импресивен начин – без ниту еден загубен сервис во полуфиналето и во финалето.
неговиот моќен почетен удар најдобро го почувствуваа неговите ривали во завршницата. Во полуфиналето, седумкратниот шампион Новак Ѓоковиќ успеа да избори само една брејк-шанса во целиот меч, а слична немоќ покажа и Александар Зверев во големото финале.
Со овој триумф, 24-годишниот Синер дојде до својата петта Грен слем титула и јубилејната 100-та победа на најголемите турнири. Со возраст од 24 години и 330 дена, тој стана осмиот најмлад играч во историјата со ваков подвиг, застанувајќи рамо до рамо со легендите како Борг, Бекер, Виландер, Надал, Ѓоковиќ, Сампрас и Федерер. Дополнително, Италијанецот ја започна својата 80-та недела на врвот на АТП листата, позиционирајќи се на 10-тото место на вечната листа.
Патот до трофејот сепак не беше лесен. По тешкиот пораз на Ролан Гарос од Хуан Мануел Серундоло (каде прокоцка водство од 2-0 во сетови и 5:1 во третиот), Синер во Лондон се соочи со сомнежи за неговата физичка издржливост. Веќе во првото коло, Миомир Кецмановиќ го одведе во маратон од пет сетови и беше на чекор до сензација.
Сепак, Синер покажа шампионски менталитет и стана првиот тенисер по 48 години кој го освоил Вимблдон откако играл пет сетови на самиот старт.
„Имаше неколку тешки удари и болни порази, но она што ме прави најгорд е начинот на кој тој се враќа. Тоа е неговиот став во тенисот и во животот“, изјави неговиот тренер Дарен Кејхил.
Со овој успех, Јаник Синер стана дури десеттиот тенисер во историјата кој успеал да ја одбрани круната на Вимблдон – сосем заслужено за моментално најдобриот играч на планетата.
П.Н.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025