Пелагонија во фокусот
Спорт
Објавено: 18 октомври 2026, 17:46 ч.
Со над 1.100 учесници, успешно се одржа уште едно издание на спортската манифестација „Че трчаме“, која денеска ги исполни прилепските улици со позитивна енергија, насмевки и спортски дух.
Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека настанот претставува вистински празник на спортот и упати искрени честитки до организаторите, волонтерите, спонзорите и сите институции кои придонесоа за одличната реализација.
Тој особено го истакна масовното учество на најмладите, посочувајќи дека преку вакви иницијативи се градат позитивни вредности кај новите генерации.
„Особено ме радува големиот број деца и млади кои преку ваквите настани ги прифаќаат здравите навики, ја градат љубовта кон спортот и учат дека најважни се учеството, истрајноста и заедништвото“, порача Проданоски.
Редакција
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025