Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Спорт

„ТАВ МАКЕДОНИЈА“ СТАНА СПОНЗОР НА МЛАДИНСКИОТ ФУДБАЛ НА ФК „ПЕЛИСТЕР“

Објавено: 22 јуни 2026, 06:48 ч.

„ТАВ МАКЕДОНИЈА“ СТАНА СПОНЗОР НА МЛАДИНСКИОТ ФУДБАЛ НА ФК „ПЕЛИСТЕР“

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на АДП-групацијата стана спонзор на младинскиот фудбал на ФК Пелистер од Битола.

Поддршката има за цел подобрување на квалитетот, конкурентноста и меѓународното искуство на младите фудбалери и младинскиот фудбал преку организирање контролни натпревари и учество на домашни и меѓународни турнири во подготвителниот зимски период и натпреварувачката полусезона 2026. „Инвестицијата во младите е клучна за нашето општество, за спортска Битола, за иднината на младите, за нивниот развој во силни личности.

Поддршката ќе има улога во обезбедување подобри услови за спортски развој на младите, јакнење на нивниот натпреварувачки дух, тимска работа и спортска дисциплина. Уште еднаш сакам да се заблагодарам на компанијата ТАВ Македонија која уште еднаш ја покажа својата општествена одговорност, развој на заедницата и поддршка на традиционалниот национален спортски тим“, рече Тони Коњановски, градоначалник на Општина Битола.

Генералниот директор на ТАВ Македонија рече дека особено го радува тоа што од денеска логото на ТАВ Аеродроми ќе биде присутно на ракавот на новиот дрес на ФК Пелистер, како симбол на нашата поддршка за развојот на младите фудбалери, нивните амбиции и нивниот пат кон идните успеси.

„Со ова спонзорство придонесуваме не само за развојот на идните професионални фудбалери, туку и за здравјето и благосостојбата на повеќе од 400 деца кои активно тренираат во младинските категории на ФК Пелистер.

Исто така, сакам да ви се заблагодарам за дресот кој што ми го подаривте, кој секогаш ќе ме потсетува на почетокот на нашето партнерство и за мене претставува симбол на доверба, припадност и заедничка амбиција за успех“, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Марјан Секуловски, координатор на ПМФШ на Пелистер изрази благодарност за спонзорството. „Во мое лично име, како и во име на сите членови на Пионерско - Младинска Фудбалска Школа на ФК Пелистер, ви изразувам голема благодарност за вашето спонзорство. Вашиот чин ја покажува општествената одговорност на вашата компанија, како и вашата љубов кон фудбалот како спорт, особено кон развојот на младинскиот фудбал.

Младинскиот фудбал е срцето на секој професионален фудбалски клуб и ова ваше спонзорство ќе биде искористено за развој и унапредување на младинските категории на ПМФШ на ФК Пелистер“, посочи Секуловски.

Со оваа соработка, ТАВ Македонија ја потврдува својата посветеност кон општествената одговорност, овој пат со поддршка на над 400 деца и младинци, кои се дел од младинскиот фудбал на ФК Пелистер и кои ја претставуваат иднината на овој македонски фудбалски клуб.

 А.Ш.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми