Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Спорт

Денес се одржа турнир во футсал во Битола - 100 ученици учествуваа во осум натпревари

Објавено: 23 септември 2026, 20:22 ч.

Денес се одржа турнир во футсал во Битола - 100 ученици учествуваа во осум натпревари

Денес се одржа турнир во футсал што е еден од двата настани со кои во Битола се одбележува Европската недела на спортот од 23 до 30 септември.

Младите спортисти имаа турнир во футсал на стадионот со вештачка трева „Петар Упалевски-Упале“, а промотори на настанот беа фудбалери и фудбалерски од ФК и ЖФК „Пелистер“.

Настанот го посети градоначалникот на Битола Тони Коњановски истакнувајќи ја големата поддршка кога станува збор за младите и за спортот.

На турнирот учествуваа вкупно 100 ученици, се одиграа вкупно 8 (осум) натпревари, а децата имаа можност преку спортско натпреварување, дружење и заеднички активности да ги промовираат спортскиот дух, фер-плејот, тимската работа и меѓусебното почитување.

Посебен придонес кон настанот дадоа фудбалерите од ФК „Пелистер" Натаниел Димовски, Јован Мрмачовски и Христијан Стојановски, како и фудбалерките на ЖФК „Пелистер" Александра Ристевска, Стефани Јовановски и Мартина Силјаноска, кои беа присутни како промотори на фудбалот, односно спортот. Нивното учество им овозможи на учениците непосредно да се запознаат со активни спортисти, да разменат искуства и да добијат дополнителна мотивација за активно занимавање со спорт.

Европската недела на спортот (EWoS) е иницијатива на Европската комисија со цел да ја поттикне физичката активност, рекреацијата и здравиот начин на живот кај граѓаните од сите возрасти. Националниот координативен орган (НЦБ) со гордост ја имплементира оваа кампања преку бројни настани, активности и истражувачки процеси ширум земјата, беше речено на настанот.

Организацијата е на Министерството за спорт со поддршка на Општина Битола, а настаните кофинансирани од Европската унија. Утре во градскиот парк во Битола ќе се организира есенски крос со ученици од основните и средните училишта од Битола со почеток во 10:00 часот.

 П.Н.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми