Пелагонија во фокусот
Спорт
Објавено: 30 септември 2026, 23:39 ч.
Вице првакот на Шпанија, Ла Риоха вечерва во Битола однесе победа и славеше со 31:24 (16:8), така то Пелистер не успеа да дојде до победа на првиот натпревар од Европската лига.
Шпанците доминираа на теренот иако ден пред натпреварот искусниот стратег Лино Червар беше оптимист. После поразот од Пелистер се огласија дека ваква игра повеќе не смее да се повтори.
Момци, ќе речиме лош ден… но за овај град, за оваа публика и најбитно за името на овај клуб, вакви игри не повеќе!!!!
САМО ЕДЕН ТИМ, САМО ЕДЕН ГРАД!!!-соопштија кратко од битолскиот клуб по натпреварот.
Инаку, вечерва пред натпреварот на РК „Еурофарм Пелистер“ и шпанскиот тим „Логроњо Ла Риоха“ во рамките на Европската лига на ЕХФ, пред спортската сала „Боро Чурлевски“ беше отворена фан зоната „ОСМИОТ ИГРАЧ“ посветена на 41 година од постоењето на навивачка група „Чкембари“.
Зелен килим, музика и диџеј, клупски производи и многу други содржини во рамките на Фан зоната организирана од Општина Битола и РК „Еурофарм Пелистер“ во чест на оние што 41 година покажуваат што значи да се биде зад својот клуб и 41 година со „Пелистер“.
Фотографии: Општина Битола
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025