Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Спорт

Во Битола се одржа Првиот меморијален кошаркарски турнир „Зоран Петковски – Петкото“

Објавено: 19 септември 2026, 21:27 ч.

Во Битола се одржа Првиот меморијален кошаркарски турнир „Зоран Петковски – Петкото“

Во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола се одржа Првиот меморијален кошаркарски турнир посветен на битолската кошаркарска легенда, поранешен советник и истакнат спортски работник, Зоран Петковски – Петкото.

Организатор на овој дводневен настан е новоформираниот кошаркарски клуб кој го носи неговото име, а на отворањето присуствуваа членови на семејството Петковски, претставници на локалната власт, спортски работници и граѓани.

На настанот се обрати градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој истакна дека Петковски оставил неизбришлива трага во спортскиот и општествениот живот на градот.

„Со голема тага се присетуваме на нашиот пријател, другар, поранешен советник и спортски работник. Загубата за неговото семејство, но и за сите нас е огромна. За него спортот беше место кое зближува, рекреира, бодри и инспирира. Неговите зборови дека Битола ќе создаде услови за екипните, индивидуалните, училишните и рекреативните спортови за нас остануваат аманет кој продолжуваме да го реализираме“, истакна Коњановски.

Зоран Петковски ја започна својата кариера во КК Пелистер, беше младински репрезентативец на Македонија во генерацијата предводена од Митко Луковски, а во својата богата кариера настапуваше и за екипите на Куманово, Вардар, МЗТ Скопје и Соколи, пред повторно да се врати во матичниот Пелистер. Како советник во Советот на Општина Битола, тој несебично се залагаше за развој на спортската инфраструктура и поддршка на младите спортисти.

Турнирот, кој планира да прерасне во традиционален, е уште еден доказ дека Битола ги помни своите спортски великани кои преку сопствениот пример оставиле траен белег во заедницата.

 А.Ш.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми