Пелагонија во фокусот
Спорт
Објавено: 10 септември 2026, 16:07 ч.
Карате клубот „Заншин до“ од Битола оствари забележителен успех на Државниот Куп на Македонија за кадети, јуниори и У21, кој се одржа на 5 и 6 септември во салата на ООУ „Кочо Рацин“ во Петровец, Скопје.
Битолскиот клуб настапи со седум натпреварувачи во седум категории, освојувајќи вкупно четири медали — едно злато, едно сребро и две бронзи — како и четири петти места.
Освоени медали и постигнати резултати:
Златен медал: Ката тим мажи (кадети-јуниори) во состав: Александар Божиновски, Михаил Марковски и Лазар Китани.
Сребрен медал: Ката тим жени во состав: Надалина Талевска, Каја Темелковска и Илина Шобевска.
Бронзени медали: Михаил Марковски и Александар Божиновски во поединечна конкуренција (ката, јуниори мажи).
Со освојувањето на првото место, машкиот ката тим (Божиновски, Марковски и Китани) обезбеди директен пласман на претстојното Светско првенство во Полска.
Истовремено, со остварените резултати, Надалина Талевска, Каја Темелковска, Илина Шобевска и Давид Стојчевски обезбедија норми за учество на Балканското првенство, кое ќе се одржи од 6 до 8 ноември 2026 година.
„Горда сум како тренер бидејќи секоја година успесите се сè поголеми. Оваа година очекувам висок пласман на Светското првенство, како и освојување медали од Балканското првенство“, истакна тренерката на клубот, Стевка Јанковска Петковска.
П.Н.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025