Пелагонија во фокусот
Свет
Објавено: 19 јуни 2026, 21:11 ч.
Најавената блокада на трите гранични премини меѓу Бугарија и Северна Македонија, која беше планирана да се одржи в недела, е официјално откажана. Оваа информација ја соопшти Виктор Стојанов, претседател на бугарската Фондација „Македонија“.
Одлуката за откажување на протестот уследила по разговорите што биле остварени со претставници на бугарското Министерство за надворешни работи, како и со амбасадорот на Бугарија во Скопје, Жељазко Радуков.
Според Стојанов, надлежните институции оцениле дека евентуалната блокада на преминот Ѓуешево-Деве Баир, како и на преостанатите два премини, Станке Лисичково-Делчево и Златарево-Ново Село, би била контрапродуктивна и би предизвикала дополнителни и непотребни тензии меѓу двете земји.
За откажувањето на најавените блокирања информираа и од Асоцијацијата на превозници „Макам-транс“. Од таму соопштија дека очекуваат товарниот и патничкиот сообраќај преку границата да продолжи да се одвива непречено.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025