Пелагонија во фокусот
Свет
Објавено: 28 мај 2026, 14:53 ч.
Огласот за работа како овчар на една изолирана фарма на северот на Кина неочекувано стана една од најкоментираните теми на социјалните мрежи, откривајќи го длабокото незадоволство на модерната работничка класа. Собственикот на фармата, Зуо Сјаојонг, барал само двајца луѓе кои би се грижеле за неговите овци. Наместо вообичаените неколку пријави од руралните средини, тој бил затекнат од бројката – добил повеќе од 700 апликации!
Она што најмногу ја шокираше јавноста е профилот на кандидатите. Меѓу оние кои по секоја цена сакале да заминат на далечната фарма биле главно високообразовани кадри: дипломирани студенти, канцелариски работници, па дури и луѓе кои со години работеле на менаџерски позиции во големите градови.
Подобро изолација и 3.000 овци, отколку токсични шефови и деноноќен стрес
Наизглед обичниот оглас покажа колку е голем очајот на младите и образовани луѓе кои се заробени во таканаречената „култура на прекувремена работа“. За повеќето кандидати, далечната фарма со над 3.000 овци, суровите и ладни зими и речиси целосната социјална изолација звучеле многу помлаку застрашувачки отколку секојдневниот корпоративен стрес, канцелариските сплетки, нереалните рокови и животот во прескапите мегалополиси.
Овој феномен, кој во Кина и во светот сè почесто се поврзува со движењата за „бавен живот“ и бегство од капиталистичката трка со стаорци, јасно покажува дека парите и престижните канцелариски титули веќе не се доволен мотив доколку цената за нив е менталното здравје и целосното исцрпување.
Дали и македонските работници би „избегале“ на вакво работно место?
Оваа приказна од Кина е исклучително релевантна и за македонскиот контекст.
Во Македонија, преоптовареноста на работното место стана секојдневие. Поради масовното иселување на кадарот и постојаната „штедење“ на газдите, компаниите (како во приватниот, така и во јавниот сектор) ретко вработуваат нови луѓе за да го пополнат празниот простор. Наместо тоа, обврските на оние кои си заминале едноставно се префрлаат на грбот на преостанатите работници.
Канцелариските работници во земјава се соочуваат со:
Хроничен прекувремен труд кој често не е платен.
Извршување на задачи кои воопшто не се во нивниот опис на работа (токсичната девиза: „ако не сакаш ти, има кој сака“).
Огромен ментални притисок и „burnout“ (прегорување), комбиниран со ниски примања кои едвај ја покриваат потрошувачката кошничка.
Македонскиот работник е уморен од пресијата да биде менаџер, администратор, техничка поддршка и логистика во исто време, додека се соочува со мобинг и нереални очекувања од претпоставените. Кога системот ќе го исцеди работникот до крајни граници, изолацијата со животни веќе не изгледа како казна, туку како – слобода и спас за менталното здравје.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025