Пелагонија во фокусот
Свет
Објавено: 29 јуни 2026, 19:20 ч.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција очекува претстојниот самит на НАТО, кој ќе се одржи следниот месец во Анкара, да испрати силна порака за единство и солидарност меѓу земјите членки на Алијансата.
Ердоган истовремено повика на укинување на ограничувањата за трговија со оружје и воена опрема, како и на поголемо вклучување на Турција во иницијативите за зајакнување на европската безбедност, пренесува Ројтерс.
Анкара на 7 и 8 јули ќе биде домаќин на самитот на кој ќе учествуваат лидерите на 32 земји членки на НАТО, како и претставници на партнерските земји од Персискиот Залив, Азија и Пацификот.
Самитот ќе се одржи во услови на зголемени тензии во рамките на Алијансата поврзани со распределбата на трошоците за одбрана, како и со критиките од САД за недоволниот ангажман на дел од сојузниците во повторното отворање на Ормускиот теснец за време на неодамнешниот конфликт меѓу САД, Израел и Иран.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025