Пелагонија во фокусот
Свет
Објавено: 30 август 2026, 17:01 ч.
Граѓаните на Исланд со мнозинство гласови одлучија да го блокираат рестартирањето на преговорите за влез во Европската Унија. Според официјално преброените гласови од саботното изјаснување, 52,8% од гласачите го заокружиле одговорот „не“, додека за продолжување на процесот беа 47,2 проценти од населението.
Со оваа одлука, прашањето за пристапување кон Брисел заминува од дневен ред најмалку до 2028 година.
Главниот камен на сопнување во целата дебата беше исландскиот риболовен сектор, кој не само што носи околу 40 отсто од вкупниот стоков извоз на земјата, туку претставува и темел на националниот идентитет. Поголемиот дел од граѓаните стравуваа дека со влезот во ЕУ, Рејкјавик ќе ја изгуби суверената контрола врз своите богати акватории, и покрај сигналите од Брисел за можна флексибилност.
Исланд аплицираше за членство уште во 2009 година за време на големата финансиска криза, но преговорите беа ставени во мирување во 2013 година. Островот веќе е дел од единствениот европски пазар и Шенген-зоната, па за многумина сегашниот статус е сосема доволен.
Поделени мислења: Меѓу економската сигурност и суверенитетот
Различните ставови беа очигледни меѓу жителите на главниот град. Дел од граѓаните го поддржаа одбивањето, истакнувајќи дека зачувувањето на земјоделството и домашните ресурси е поважно од воведувањето на еврото или подлабоката интеграција.
Поддржувачите на европската опција, пак, изразија разочарување, сметајќи дека земјата пропуштила можност за посилна геополитичка и безбедносна заштита во време на глобални превирања и тензии на Арктикот.
Премиерката Криструн Фростадотир, која самата гласаше за продолжување на преговорите, посочи дека исходот не е израз на непријателство кон Европа, туку задоволство од досегашниот модел на соработка преку Европскиот економски простор.
Зелено светло за повлекување на кандидатурата?
Иако референдумот беше од советодавен карактер, владата вети дека ќе ја почитува волјата на народот. Премиерката потврди дека до крајот на нејзиниот мандат во 2028 година тема за ЕУ нема повторно да се отвора, а најави и можност до Парламентот да биде доставен предлог за официјално повлекување на исландската кандидатура.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025